Германската фудбалска легенда и еден од најкотраверзните играчи од оваа земја, Штефан Ефенберг, ќе го има своето деби во тренерските води откако се одлучи и ја прифати понудата да седне на клупата на второлигашот Падерборн.
Популарниоот „Ефе“ е едно од најголемите фудбалски имиња во последните две децении, а по завршувањето на играчката кариера во 2004 година во Ал Араби, уживаше во пензионерските денови. Сега реши да се врати во германскиот фудбал.
– Долго време размислував да се вратам во фудбалот и тоа како тренер. Ја прифатив укажаната шанса од Падерборн и ќе се обидам да го вратам тимот на победничките патеки. Тоа е одличен избор во обид да се започне тренерска кариера, како што покажува и минатото. Тимот има одлични фудбалери и убеден сум дека ќе почнеме да победуваме – изјави Штефан Ефенберг.
Падерборн претходната сезона испадна од Бундеслигата во, а во актуелниот шампионат во втората германска лига е пласиран дури на 15.место со само седум освоени бода на десет натпревари. Ефенберг на клупата на германскиот второлигаш ќе дебитира в петок, на домашен терен против Ајнтрахт од Брауншвајг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.