Претставувајќи се како „роден заводник, но и како тој што често бил заведуван“, Берлускони открил дека сепак не се точни озборувањата дека за два месеца бил со 33 жени, коментирајќи дека тоа „би му паднало тешко дури и на некој помлад од него“.
Ги обелоденил и своите наводни обиди да го премисли Џорџ Буш од воената интервенција во Ирак, а напишал и дека тој бил „единствениот европски лидер кој се противел на воената интервенција во Либија“.
– На вечерата на која присуствувале многу светски лидери, Силвио Берлускони раскажал приказна во која го претставил Буш како крал на џунглата, а Садам Хусеин како волк. Меѓутоа, Буш не ја сфатил метафората – пишува во книгата.
Зборувајќи за бунга-бунга забавите, кои се одржувале во неговата вила, поранешниот премиер рекол дека „медиумите ја преувеличиле приказната“. Тој тврди дека многу детали се измислени, како тоа дека стриптизетите се облекувале како калуѓерки.
Името бунга-бунга, открива Берлускони, настанал од еден виц кој му го раскажал Моамер Гадафи, а во кој тој израз е употребен како синоним за секс.
Милијардерот уште еднаш потврдил дека немал сексуален однос со малолетната проститутка Руби, поради што првично беше осуден, а потоа и ослободен од обвиненијата.
Тој прозборел и за турбулентниот однос со поранешниот француски претседател Никола Саркози, велејќи дека тој бил љубоморен на него толку многу, што еднаш одбил да се ракуваат.
– Саркози е несигурен и ми завидува на богатството и жените – го цитирал Берлускони новинарот Алан Фридман.
Во книгата е опишана и нивната прва средба по свадбата на Саркози со Карла Бруни. Тогаш Саркози го запознал Берлускони со сопругата и наводно му рекол: „Силвио, види, сега сум богат како тебе“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.