Една мајка на нејзиниот Фејсбук профил споделила незадоволство од изјавата на медицинска сестра откако ја однела својата ќерка во болница бидејќи ја истепал нејзин врсник.
„Се обложувам дека му се допаѓаш“, таа реченица привлече големо внимание и предизвика бројни негативни коментари.
Моето четиригодишно дете знае дека тоа не е начин на некој да му се покаже дека ви се допаѓа. Тоа не е избор“, порачала мајката. Нема да дозволам таа порака да биде ок. Нема да дозволам да биде погласна од оваа: “Тоа не е начин на кој покажуваме дека се допаѓаме еден на друг.“, напишала лутата мајка, но и истакнала дека не сака медицинската сестра да добие отказ.
„Иако коментарот немаше лоша намера, ние се извинуваме и го сфаќаме многу сериозно. Тие зборови не се во склад со ставовите на нашата установа“, пишува во соопштението на болницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.