| четврток, 6 декември 2018 |

Tетовец се бори за живот по пад од покрив

Осумдесет и седумгодишниот Ќ.С. од Тетово се здобил со тешки телесни повреди откако вчера околу 7 часот и 30 минути паднал од покрив од висина од околу два и пол метри, информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според него, старецот менувал ќерамиди на покривот од неговата стара куќа на улицата „Мурат Бафтијари“ во градот кога при засега неутврдени околности загубил рамнотежа и паднал на земја.

– Тоа го забележал неговиот сосед, кој повикал екипа на прва помош, кои многу скоро пристигнале и го пренеле тешко повредениот тетовец во клиничката болница во градот од каде по укажаната лекарска помош како итен случај бил префрлен на скопските клиники, изјави Јосифоски.

По овластување на јавен обвинител увид на местото увид извршила екипа на СВР Тетово и работи на утврдување на причините, околностите и се друго поврзано со случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top