| четврток, 6 декември 2018 |

Пораз на Металург од Скјерн во фото-финиш (19-20)

metalurg-17

Металург загуби во Данска од Скјерн на несреќен начин со примен гол во последната секунда и го запиша вториот пораз во ЛШ во четвртиот меч.

Во текот на целиот меч беше израмнето, а македонскиот претсавник по првиот дел водеше со 10-8. Во продолжението Скјерн одигра поцврсто во одбраната и направи пресврт, па во финишот поведе со 19-17. На сцена стапија голманот Дупјачанец и стрелецот Божовиќ и со неговите два погодоци Металург израмни на 19-19, но не успеа да освои значаен бод, со примен погодок во последната секунда.

Јанко Божовиќ со 11 гола беше главна фигура кај Металург, а одлично бранеше Дупјачанец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top