Исламската држава, која го шокираше светот со својата бруталност низ деловите во Сирија и Ирак е една од најдобро финансираните терористички организации во светот.
Иако не постојат официјални податоци за тоа колку „тежи” ИСИС, годинава Си-Ен-Ен објави дека оваа организација прави и по 2 милиони долари за еден ден од продажба на нафта од нејзините запленети територии.
Британскиот „Економист” пишува дека ИСИС заработила најмалку 20 милиони долари во една година од заложнички закуп на нафта.
Оваа недела, блогот Jihadology објави извештај за начините од кои ИСИС се финансира од една провинција во Сирија. Деир ез Зор е провинција што е под контрола на терористичката организација од 2014 година.
Според извештајот ова е изворот на приходите на Исламската Држава
Приходи од нафта (27,7 проценти)
Даночните приходи ( 23,7 проценти )
Конфискација (44,7 проценти)
Иако оваа провинција е една од најпознатите области богати со нафта во Сирија, сепак само 27,7 проценти од приходите доаѓаат од продажба на нафта.
Дури 45 отсто од парите на ИСИС доаѓаат од изнудување пари, запленување земјиште и имот од луѓето кои се под контрола на калифатот.
Најголем дел од парите на ИСИС одат во наплата на нивните борци и оружје.
Сепак, блогот пишува дека финансирањето според овој модел не е долгорочна стратегија.
Финансиската стратегија на Исламската Држава не е одржлива на долг период. А коалицијата за борба против тероризмот предводена од САД и Русија, е дополнителен проблем за ИСИС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ИСИС се закани со масовни напади на СП во Русија (видео)
-
Агенцијата за филм рестриктивна во изборот на носители на проекти: Се делат пари на фестивали и луѓе од филмската фела блиски до СДСМ и ДУИ
-
Уапсени седум исламисти во Русија, планирале серија напади
-
Во Тетово се произведувала дрогата која ја користат борците на ИСИС