Македонската машка ракометна репрезентација денеска во 20,15 часот има историска шанса да ѝ се реваншира на Данска за ланскиот пораз на Европското првенство (ЕП) во Србија, кога, буквално, во последната секунда Ханс Линдберг постигна гол и нè одалечи од борбата за медал, а Данците ги донесе на пиедесталот.
Само со победа над Данска македонските ракометари ќе го избегнат 4. место во Б групата бидејќи е речиси неверојатно да се очекува грешка на Исланд во мечот со Катар. Ако го освоиме 4. место во групната фаза, тогаш во осминафиналето ќе ни го донесе лидерот од А групата бранителот на светската круна актуелниот олимписки шампион селекцијата на Франција.
– Може да ни биде од мала помош тоа што Данците веќе го имаат обезбедено првото место во групата и евентуално да калкулираат. Ние сме максимално подготвени и ќе дадеме максимум и одиме на победа. Слободниот ден е искористен за анализа на Данска, како на нивниот напад така и на нивната одбрана – изјави еден од нашите најдобри ракометари од ремито против Русија, голманот Никола Митревски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.