| четврток, 6 декември 2018 |

Фантастична диета со кисело млеко

Ако сакате за кратко време да ослабнете 4-6 килограми, ја препорачуваме диетата со кисело млеко. Се јаде кисело млеко кога сакате и колку сакате. Притоа можете да додадете и други видови храна. Во првиот, вториот и третиот ден може да додадете варен ориз или компири во менито. Забранета е употребата на газирани пијалаци.

Следните три дена освен кисело млеко можете да јадете и пилешко филе варено или печено. Може да додадете и свежа салата. Без алкохол и газирани пијалаци.

Седмиот ден на мени има кисело млеко и овошје. Само без банани и грозје.

Важно е откако ќе завршите со 7-от ден да не почнете да се прејадувате. Постепено зголемувајте ја количината и додавајте ги другите видови храна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top