Тунискиот квартет за национален дијалог е добитник на Нобелова награда за мир за оваа година, поради, како што се вели во соопштението на комитетот за избор, напорите за стабилизирање на политичката ситуација во Тунис.
Според Комитот за доделување награда, овој квартет е заслужен за развојот на демократијата во Тунис по револуцијата Јасмин во 2011 година.
Нобеловата награда за мир ќе биде доделена во Осло на 10 декември.
Во трката за оваа награда беа 273 луѓе. Меѓу фаворитите беше и германската канцеларка Ангела Меркел, како и папата Франциск.
Тунискиот квартет, пак, е настанат од четири организации: Туниската генерална работничка унија, Туниската индустриска конфедерација, Туниската лига за човекови права и Здружението на туниски адвокати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.