Наместо Организацијата за забрана на хемиско оружје, Нобеловата награда за мир требаше да ми припадне на мене, ова на шега го изјави Башар ал-Асад, Сирискиот претседател.
Според пишувањето на просирискиот либански весник „Ал-Акбар“, Асад оваа забелешка ја кажал со „шеговит“ тон, коментирајќи ја одлуката на Нобеловиот комитет наградата да и ја додели на ОЗХО, меѓувладината организација која има рок до средината на 2014 година, во согласност со одредбите од руско-американскиот договор, за го уништи сирискиот хемиски арсенал.
„Ал-Акбар“ потсетува дека Асад уште во 2003 година предложи сите земји во регионот да го предадат сето оружје за масовно уништување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.