| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп во трката за Нобелова награда за мир

Група најголеми поддржувачи на Доналд Трамп во претставничкиот дом испратила писмо до норвешкиот одбор и со тоа и официјално го номинирала американскиот претседател за Нобелова награда за мир, јавува „Си-ен-ен“.

Републиканецот Лук Месерби и неговите колеги напишале писмо со кое ја поддржуваат номинацијата на Трамп и тврдат дека заслужува награда поради дејствувањето за завршување на Корејската војна и донесување мир на Корејскиот полуостров.

– Откако го почна својот мандат, Трамп неуморно работи да создаде максимален притисок на Северна Кореја за да ја запре нејзината забранета програма за вооружување и за да донесе мир во регионот – стои во писмото, пренесува хрватски „Индекс“.

По историскиот состанок на водачите на Северна и Јужна Кореја, многу експерти и јужнокорејската министерка за надворешни работи, заслугите за официјалното прогласување на крај на Корејската војна му ги припишаа на Трамп.

Ако Трамп ја прими оваа награда. ќе биде петиот американски претседател на кој му е укажана таква чест. Теодор Рузвелт, Вудро Вилсон, Џими Картер и Барак Обама претходно ја примиле Нобеловата награда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top