Еден од тројцата Американци, што во август годинава спречија напад на исламист во возот „Талис“ на линијата Амстердам-Париз, синоќа бил неколку пати избоден со нож во Сакраменто, во Калифорнија.
Спенсер Стоун (23), војник од воздушните сили на САД, се наоѓа во стабилна состојба.
Стоун зааедно со други двајца Американиц, кои патуваа со возот „Талис“ успешно неутрализираа исламист пред тој да изврши терористички напад. Тие беа наградени со Орден на Легијата на честа, највисока државна награда во Франција, лично од претседателот Франсоа Оланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.