| четврток, 6 декември 2018 |

Лекарка ќе го менува полот само за да не оди в пензија

doktor

Докторка Мира Станојчиќ од Горњи Милановац денеска поднесе барање за промена на полот, бидејќи смета дека е дискриминирана во однос на мажите, кои в пензија заминуваат подоцна од жените, јавува „Танјуг“.

Станојчиќ изјави дека од денеска почнала постапка за хируршка интервенција, што според неа, ќе ја изврши доктор Душан Станојевиќ.

– Според доктор Станојевиќ, постапката трае две години, бидејќи цел тим експерти треба да даде свој став, а хируршкиот зафат ќе биде извршен бесплатно – истакна Станојчиќ, пренесува „Танјуг“.

Според доктор Станојевиќ, промена на пол најчесто се врши од медицински причини, како и дека ова е несекојдневен пример во неговото досегашно искуство бидејќи станува збор за докторка што сака да го направи тоа од економски причини.

Доктор Мира Станојчиќ, специјалист за физикална медицина и рехабилитација од Горни Милановац, најави претходно дека ќе го промени полот со цел да не биде пензионирана.

Станојчиќ претходно добила налог од директорот на болницата дека ѝ тече годишниот одмор, како и дека во решението стои дека сите што ги исполнуваат условите за пензија од вторник треба да го искористат годишниот одмор за тековната година. Од неа се очекува по одморот да замине в пензија.

Таквата одлука Станојчиќ ја оценува како дискриминирачка за жените, кои се ставени во нерамноправна позиција во однос на своите колеги, односно дека во нејзиниот случај не се гледа квалитетот, туку годините и полот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top