| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба „Развојот на царските двери во Кумановско”

Во Уметничката галерија во Куманово ќе биде отворена изложбата под наслов „Развојот на царските двери во Кумановско”, од авторот Валентина Андреиќ, кустос и историчар на уметност.

Изложбата ќе биде отворена во петок, 9 октомври, во 19.30 часот.

Автор на изложбата е Валентина Андреиќ, кустос историчар на уметноста при НУ Музеј – Куманово. Ќе бидат прикажани царските двери како најдекоративен дел од најмонументалниот елемент во христијанските цркви, иконостасот. Почнувајќи од најстарите двери (од манастир „Карпино“ и Двојната црква во Сув Орах), дверите од втората половина на 19 век, како и од периодот меѓу двете светски војни (1918 – 1940); ќе бидат претставени двери од преку триесетина цркви во Кумановско, во резба, насликани и со делумна резба, како и целосно насликани двери.

Изложбата ќе биде презентирана преку 30 колор-постери, цртежи и примерок на автентични царски двери.

Изложбата ќе ја отвори Славица Крстиќ, советник, историчар на уметноста во НУ Музеј – Куманово.

Изложбата ќе трае 10 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top