Поранешна агентка на ФБИ, Лара Кју откако престанала да работи за бирото започнала да се занимава со пишување, но и понатаму може да сподели одлични вештини. Таа била обучена да ги „чита“ луѓето, а со останатиот дел од светот се одлучила да ги сподели тајните како успешно може да се препознае еден лажго.
Направете врска
Искуството покажало дека добриот полицаец повеќе успева од лошиот, па така доколку сте емпатични во разговорот сите побргу ќе ви се „отворат“.
Изненадете ги
Личноста која ве лаже однапред може да ги увежба одговорите на некои прашања, за тие да изгледаат поприродни и инстиктивни. Прашајте нешто што не очекуваат за темата на која зборувате и тие ќе се збунат.
Повеќе слушајте, отколку што зборувате
Лажговците зборуваат повеќе отколку искрените луѓе затоа што сакаат да придобијат повеќе внимание. Под стрес тие ќе зборуваат побргу, погласно и ќе го изгубат природниот тон на гласот.
Освен тоа, кашлањето исто така е еден од симптомите на лажењето. Ако вашиот соговорник има еден од овие симптоми, не мора да значи дека лаже, но ако сите тие се споени, тогаш постојат големи шанси да зборувате со огромен лажго.
Обрнете внимание на тоа како изговараат „не“
„Не“ е клучниот збор кога некој се обидува да излаже. Личноста која ве лаже зборот „не“ додека го изговара ќе гледа во друг смер или откако ќе го изговори овој збор ќе ги затвори очите, што значи дека не му е пријатно што ве лаже.
Следете ги менувањата на однесувањето
Доколку личноста одеднаш почне да не се сеќава за некои работи и одговара кратко и зборува формално, тогаш најверојатно ве лаже. Освен тоа, претераните суперлативи се очигледен знак на промена во однесувањето.
Барајте приказната да ви ја раскаже наназад
Луѓето кои зборуваат вистина без проблем можат сите факти да ги изнесат без оглед на тоа по кој редослед тие се одвивале. Лажговците ги паметат приказните онака како што ги замислиле и знаат да ги раскажат само по тој редослед.
Премногу комплименти
Доколку некој претерано сака да остави добар впечаток, се сложува со вашите ставови и постојавно ве фали, тогаш се подготувава да ве лаже.
Поставете дополнителни прашања
Кога истражувате понатаму, поставуавјте дополнителни прашања, а особено интересирајте се за деталите, а доколку нема што да се крие одговорите ќе ги добиете без проблем, доколку ве лажат нема да бидат спремни да одговорат на секое прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ФБИ го прислушувале адвокатот на Трамп
-
Директорот на ФБИ „стои зад вработените“ по објавувањето на доверливиот меморандум
-
Нуклеарните централи на САД под опасност од хакерски напад
-
Претседателот на „Џудишал воч“ тврди: Директорот на ФБИ несоодветно ја штитеше Клинтон и од последиците на криминално однесување