| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на „Џудишал воч“ тврди: Директорот на ФБИ несоодветно ја штитеше Клинтон и од последиците на криминално однесување

Пре­тсе­да­те­лот на „Џу­ди­шал воч“, Том Фи­тон, во че­твр­то­кот ди­ску­ти­ра­ше за све­дош­тво­то на ди­ре­кто­рот на ФБИ, Џејмс Ко­ми, во Кон­гре­сот со во­ди­те­лот на „Си­ри­ус ХМ“, Алекс Мар­лоу, во ра­ди­о­е­ми­си­ја на „Брајт­барт“

Хи­ла­ри Клин­тон го об­ви­ни Ко­ми за неј­зи­ни­от по­раз на из­бо­ри­те во 2016 го­ди­на, но Мар­лоу твр­ди де­ка ако Ко­ми го при­крил откри­ва­ње­то на ФБИ де­ка Клин­тон не­од­го­вор­но по­ста­пу­ва­ла со кла­си­фи­ку­ва­ни ма­те­ри­ја­ли, овоз­мо­жу­вај­ќи да би­дат ис­пра­те­ни до осра­мо­те­ни­от по­ра­не­шен кон­грес­мен Ен­то­ни Вај­нер, тоа би би­ло кра­јот на ФБИ ка­кво што го зна­е­ме.
Ако тоа е точ­но, тоа ќе би­де кра­јот на ФБИ ка­кво што го зна­е­ме – се сог­ла­си Фи­тон. Ко­ми е мно­гу за­ин­те­ре­си­ран да си ја за­шти­ти ре­пу­та­ци­ја­та и зо­што тре­ба­ло да го на­пра­ви ова или она.

– Ко­ми по­сто­ја­но и не­со­од­вет­но ги шти­те­ше Хи­ла­ри Клин­тон и неј­зи­ни­те глав­ни по­мош­ни­ци од пос­ле­ди­ци­те на нив­но­то кри­ми­нал­но од­не­су­ва­ње со не­по­чи­ту­ва­ње на за­ко­ни­те, фо­ку­си­рај­ќи се на сѐ освен на глав­ни­от проб­лем – зо­што не ја го­не­ше? Зо­што не го пре­по­ра­ча неј­зи­но­то го­не­ње? Зо­што им бе­ше до­де­лен иму­ни­тет на си­те тие ли­ца? Зо­што тој ре­че де­ка е по­треб­но да се до­ка­же на­ме­ра­та ко­га, всуш­ност, на си­те тие им бе­ше по­треб­но крај­но нев­ни­ма­ние, што бе­ше до­ка­жа­но над­вор од ос­но­ва­но сом­не­ние и тој, се­пак, ја имал на­ме­ра­та? – пра­ша тој.

– Прос­ле­ду­вај­ќи го све­дош­тво, глав­но, Алекс и јас се уве­рив­ме де­ка „Џу­ди­шал воч“ и си­те кри­ти­ча­ри на на­чи­нот на кој Ми­ни­стерс­тво­то за прав­да и ФБИ се спра­ви­ја со тоа за вре­ме на ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Оба­ма се во пра­во де­ка тре­ба да се отво­ри истра­га­та за Хи­ла­ри Клин­тон. Тој про­дол­жу­ва да ни ка­жу­ва дру­ги при­чи­ни зо­што тре­ба да се отво­ри истра­га откри­вај­ќи до­пол­ни­тел­ни кри­вич­ни де­ла што ФБИ ги при­кри­ва­ло ве­ќе осум ме­се­ци. На при­мер, Ху­ма Абе­дин по­греш­но по­ста­пи со кла­си­фи­ку­ва­ни ин­фор­ма­ции со тоа што ги ис­пра­ти на не­ов­ла­сте­но ли­це да ги ви­ди, да ги разг­ле­да или да ги има – на неј­зи­ни­от со­пруг Ен­то­ни Вај­нер – ре­че Фи­тон.

Мар­лоу по­тсе­ти на „на­дре­ал­ни­от пре­сврт“ на поз­на­та­та прес-кон­фе­рен­ци­ја на Ко­ми, во ко­ја из­не­се еден слу­чај за под­не­су­ва­ње об­ви­не­ние про­тив Клин­тон, а по­тоа из­ја­ви де­ка не­ма да под­не­се об­ви­не­ние про­тив неа.

– Том, кој, всуш­ност, тре­ба да се из­ви­ну­ва за сѐ не­га­тив­но што ка­жал во вр­ска со неј­зи­но­то ви­со­чес­тво, Хи­ла­ри Клин­тон, но не на на­чи­нот на кој ти и јас го гле­да­ме тоа, а тоа е де­ка ние сѐ уште не зна­е­ме зо­што не е под­не­се­но об­ви­не­ние про­тив неа, со ог­лед на се­то тоа што го доз­нав­ме – ре­че тој.

– Ток­му та­ка, се сог­ла­су­ва Фи­тон и до­да­ва:

– Мо­жам да раз­бе­рам зо­што тоа пис­мо бе­ше во вр­ска со лу­ѓе кои би­ле во сре­ди­на­та на кам­па­ња­та. За од­не­су­ва­ње­то на Клин­тон бе­ше по­треб­на истра­га од ФБИ, но скан­да­лот е тоа што истра­га­та на ФБИ бе­ше не­се­ри­оз­на.

svet246-fbi-comey

Тој ре­че де­ка прав­ни­те по­стап­ки на „Џу­ди­шал воч“ откри­ле де­ка ФБИ ко­ри­сте­ло до­ку­мен­ти на „Џу­ди­шал воч“ кои ги до­би­ле пре­ку За­ко­нот за сло­бо­ден при­стап до ин­фор­ма­ции за ис­пра­шу­ва­ње на не­кои од све­до­ци­те во истра­га­та за Клин­тон.

– Зо­што не ги обез­бе­ди­ле са­ми пре­ку го­ле­ма­та по­ро­та или суд­ски по­ка­ни или дру­ги по­стап­ки за спро­ве­ду­ва­ње на за­ко­нот? – пра­ша тој.

– Се чи­ни де­ка ги сле­дат на­ши­те тра­ги. Не ве­ру­вам де­ка Ко­ми бил во­о­ду­ше­вен за тоа. Тој се­ко­гаш бе­ше за­гри­жен за вме­шу­ва­ње во по­ли­ти­ка­та, а тоа го по­твр­ди и на све­дош­тво­то. Ако тој бил за­гри­жен за тоа, мо­же­те да за­мис­ли­те кол­ку би бил нер­во­зен ако сле­де­ше по­кре­ва­ње об­ви­не­ние, не­што што тој са­ка да се на­пра­ви со ог­лед на тоа што тој по­твр­ди де­ка е ме­ша­ње на Ми­ни­стерс­тво­то за прав­да и не­до­стиг на до­бра вол­ја?

– Тој са­мо го истак­ну­ва фа­ктот де­ка тој не тре­ба да би­де ди­ре­ктор на ФБИ; Ми­ни­стерс­тво­то за прав­да би­ло тол­ку це­лос­но ко­рум­пи­ра­но што тој не мо­же да им ве­ру­ва ни за обич­на сит­ни­ца; и истра­га­та за Хи­ла­ри Клин­тон тре­ба да би­де по­втор­но отво­ре­на од стра­на на не­кој не­за­ви­сен и се­ри­о­зен, а Ко­ми не тре­ба да има ни­ка­ква вр­ска со тоа – твр­де­ше Фи­тон.

По­стои пре­се­дан за тоа. Се се­ќа­вам на по­че­то­ци­те на ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Оба­ма – мо­же­би и се се­ќа­ва­те на тоа – се се­ќа­ва­те ли на истра­га­та за че­тво­ри­ца­та при­пад­ни­ци на ЦИА кои беа об­ви­не­ти за ко­ри­сте­ње на­пред­ни тех­ни­ки на ис­пра­шу­ва­ње? Тие беа ос­ло­бо­де­ни од стра­на на ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Буш. Ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Оба­ма дој­де и по­втор­но по­кре­на истра­га за нив. Тоа е она што тре­ба да се на­пра­ви со Хи­ла­ри Клин­тон, со­ве­ту­ва­ше тој.

Мар­лоу пра­ша за но­ви­от стан­дард на „кри­ми­нал­ни на­ме­ри“ ка­ко ус­лов за об­ви­не­ни­е­то, кое се чи­ни де­ка се од­не­су­ва са­мо на бо­га­ти и моќ­ни по­е­дин­ци ка­ко Хи­ла­ри Клин­тон.

– Не знам зо­што Ко­ми лаж­но на­ве­ду­ва што е за­ко­нот по­втор­но под зак­ле­тва пред Кон­гре­сот. Не­ма по­тре­ба да се го­ни не­кој за зло­у­по­тре­ба на кла­си­фи­ку­ва­ни ин­фор­ма­ции. За­мис­ле­те, ако не­кој е тол­ку нев­ни­ма­те­лен за кла­си­фи­ку­ва­ни ин­фор­ма­ции што ги ста­ва на ин­тер­нет, се­ка­ко де­ка ќе би­де го­нет, и тре­ба да би­де. Тоа е она што го на­пра­ви Хи­ла­ри Клин­тон – од­го­во­ри Фи­тон.

– Не са­мо тоа, но да ре­че­ме де­ка рек­ле: Ај­де да би­де­ме си­гур­ни би­деј­ќи ќе би­де те­шко да ја го­ни­ме, ај­де да би­де­ме си­гур­ни де­ка има­ме по­ве­ќе од са­мо не­бреж­ност. Да ре­че­ме де­ка ни тре­ба и на­ме­ра­та. Па, Клин­тон бе­ше по­сто­ја­но пре­ду­пре­ду­ва­на – ка­ко што откри­ва­ат до­ку­мен­ти­те на „Џу­ди­шал воч“ што ФБИ ги иско­ри­сти­ло – да не ко­ри­сти од­во­ен си­стем од си­сте­мот на Стејт де­парт­мен­тот по­ра­ди без­бед­нос­ни при­чи­ни. Таа приз­на де­ка има­ло пре­ду­пре­ду­ва­ња, но, се­пак не ги пос­лу­ша­ла. Без раз­ли­ка ка­ко го прет­ста­ву­ва­ат тоа, тие има­ле слу­чај – про­дол­жу­ва тој.

svet246-hillary-clinton

Дру­го откри­тие на „Џу­ди­шал воч“ што Мар­лоу го на­ве­де бе­ше откри­ва­ње­то на еле­ктрон­ски­те по­ра­ки на Абе­дин кои по­ка­жу­ва­ат де­ка Фон­да­ци­ја­та „Клин­тон“ и Стејт де­парт­мен­тот се по­вр­за­ни со Ха­и­ти, вр­ска што прет­ход­но ја откри Пи­тер Швај­цер во сво­ја­та кни­га „Па­ри­те на Клин­тон“.

– Има­ше не­кои по­ра­ки кои по­ка­жу­ва­ат де­ка ре­чи­си вед­наш по страш­ни­от зем­јо­трес во Ха­и­ти во 2010 го­ди­на има­ло кон­фе­рен­ци­ски по­вик, во кој би­ла вклу­че­на и Фон­да­ци­ја­та „Клин­тон“ – об­јас­ни Фи­тон.

– Г-ѓа Клин­тон ве­ти де­ка ќе има гра­нич­на ли­ни­ја ме­ѓу фон­да­ци­ја­та „Клин­тон“ и Стејт де­парт­мен­тот, што не­ма да се пре­ми­не. Но, се­пак, се пре­ми­на, и по­доц­на се доз­на де­ка Бил Клин­тон и не­го­ва­та фон­да­ци­ја ефи­кас­но ра­ко­во­дат со опе­ра­ции на аме­ри­кан­ска­та вла­да, и по­крај ве­ту­ва­ња­та на Клин­тон де­ка тоа не­ма да се слу­чи ко­га таа бе­ше др­жав­на се­кре­тар­ка на САД би­деј­ќи таа мо­ра­ше да го на­пра­ви тоа за да ја до­бие таа по­зи­ци­ја, ве­ту­вај­ќи свет­ла ли­ни­ја ме­ѓу Фон­да­ци­ја­та „Клин­тон“ и неј­зи­на­та кан­це­ла­ри­ја на др­жав­на се­кре­тар­ка, би­деј­ќи по­сто­е­ше за­гри­же­ност за тоа кај ре­пуб­ли­кан­ци­те и де­мо­кра­ти­те, па ду­ри и во Бе­ла­та ку­ќа, Бе­ла­та ку­ќа на Ба­рак Оба­ма – ре­че тој.

Мар­лоу ја кри­ти­ку­ва­ше нај­а­ва­та на пре­тсе­да­те­лот на Трамп де­ка Клин­тон не­ма да би­де под истра­га по­на­та­му и пра­ша ка­ко мо­же да се до­не­се та­ква од­лу­ка ко­га ре­ле­вант­ни фа­кти од слу­ча­јот сѐ уште се откри­ва­ат.

– До­бро­твор­но­то тол­ку­ва­ње на тоа е де­ка тоа е ре­а­кти­вен ко­мен­тар и де­ка тој на­ви­сти­на не ве­ру­ва во тоа – ре­че Фи­тон за из­ја­ва­та на Трамп за ова пра­ша­ње.

– Јас на­ви­сти­на не ве­ру­вам де­ка тој мис­ли де­ка тоа е та­ка. Тех­нич­ки гле­да­но, тој не мо­же да ја го­ни Хи­ла­ри Клин­тон. Опе­ра­тив­но­то пра­ша­ње е да­ли Ми­ни­стерс­тво­то за прав­да се­га ќе вра­бо­ти лу­ѓе во ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Трамп што раз­би­ра­ат кои се нив­ни­те уло­ги, долж­но­сти и об­вр­ски кон аме­ри­кан­ски­от на­род и ќе ја вр­шат сво­ја­та ра­бо­та?

– Сè што ба­рам е по­ли­ти­ча­ри­те да се сим­нат од ва­га­та на прав­да­та и да му овоз­мо­жат на об­ви­ни­телс­тво­то да по­ста­пи про­тив Хи­ла­ри Клин­тон. Се­ка­ко и истра­га или го­ле­ма по­ро­та, ко­ја е се­ри­оз­на. Тоа не мо­ра да зна­чи де­ка таа ќе би­де кри­вич­но го­не­та, но аме­ри­кан­ски­от на­род ќе се уве­ри де­ка ла­жи­ра­на­та игра што се од­ви­ва­ше ми­на­та­та го­ди­на не­ма да се слу­чи по­втор­но и де­ка, ко­неч­но, це­лос­но ќе се истра­жи тоа што се слу­чи­ло – из­ја­ви тој.

Из­вор: „Брајт­барт“
Пре­вод: Ана Цве­та­но­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top