Жозе Мурињо ја преживеа првата посеризона турбуленција во тимот, откако тој доби доверба и понатаму да биде менаџер на Челси по првиот состанок со бордот на директори на кој присуствувал и сопственикот, Роман Абрамович.
Клучно за одлуката на раководството на клубот откако Абрамович застанал во одбрана на Мурињо одлучило да му даде шанса да го разбуди заспоаниот џин, и да докаже дека ја има подршката од соблекувалната.
Сепак англиските медиуми пренесуваат дека Абрамович тоа го сторил не затоа што многу му верува на „специјалниот“ туку за да си го сочува богатството.
Имено, Мурињо летово го продолжи договорот со „сините“ до јули 2019 година, за годишна плата од околу 10 милиони фунти плус бонуси. Тој во договорот има клаузула доколку добие предврен раскин на договорот, да му се исплатат сите пари. Тоа би значело дека Мурињо ќе добие 37 милиони фунти ако биде набркан од Челси. Можеби тоа е единствената причина зошто тој доби толку „великодушна“ подршка од управата.
– Имиџот на Мурињо целосно се наруши при скандалот со Ева Карнеиро, тој тука загуби и доверба на дел од тимот. Сепак, Челси се уште тактизира поради преголемата отштета што ќе мора да му ја плати. Затоа Жозе доби нова шанса – тврдат британските фудбалски аналитичари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.