79 годишна жена се полила со бензин и се самозапалила во Прилеп. Инцидентот се случил попладнето во близина на бензиската пумпа на излезот од градот. На помош веднаш притрчале неколку минувачи во обид да и помогнат, но не успеале да ја спасат.
Полицијата утврдила дека станува збор за Веселинка Филиповска, а телото го идентификувала нејзината ќерка. За сега не се познати причините за самозапалувањето. Според неофицијални информации жената имала здравствени проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.