| четврток, 6 декември 2018 |

Капело: Фудбалерите на Челси психички не се подготвени да одговорат на барањата на Мурињо

Еден од најтрофејните тренери во светот, Италијанецот Фабио Капело, го прокоментира лошиот почеток на аткуелниот шампион во Англија, Челси, во новата сезона. Тој смета дека главен виновник е Жозе Мурињо, кој буквално ги „изгорел“ играчите за една и пол година со барањата што ги поставува за дел од нив.

– Мурињо? Тој има многу добра стратегија. Во овој период кога е ‘под оган’ тој побара луѓето да се поделат дали се за него или против него. Мое мислење е дека Мурињо е одличен тренер, но исто така мислам и дека во овој случај тој само за една и пол година ги ‘изгоре’ играчите на Челси. Тие психички не се подготвени да одговорат на неговите барања. Португалецот отсекогаш играл психолошки игри, но мислам дека овојпат најмногу страдаа неговите фудбалери. Ивановиќ не може да се препознае, а мислам дека и повредата на Тибо Куртоа влијаеше за лошите резултати. Поголем дел од головите што ги прими Челси немаше да бидат голови, доколку меѓу диреците беше белгискиот голман – анализира Капело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top