| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорѓе Дреновац се најде во идеалната петка на колото во лигата АБА

Играчот на МЗТ Скопје, Ѓорѓе Дреновац, се најде во идеалната петка од второто коло во лигата АБА, откако имаше одличен настап на дуелот против Металац во СЦ „Јане Сандански“.
Во победата од 93-67, Дреновец учествуваше со 17 поени, и со перфектен шут од линијата за слободни (5/5) и за два поени (6/6). Во статистиката додаде уште осум скока и по една асистенција и украдена топка и има вкупен индекс, 28.
Покрај Дреновац место во идеалната петка се и центарот на Цедевита Миро Билан (индекс 33), кој е избран и за МВП на колото, потоа Немања Врањеш од Сутјеска (индекс 26), Мајк Цирбес од Црвена Звезда (индекс 24) и Тимоте Луваву од Мега Лекс (индекс 24).
Меѓу најдобрите скокачи свое место најде и Предраг Самарџиски, кој со 10 скока е втор во оваа категорија, веднаш по Миро Билан, кој оствари 13 скока на мечот против Сутјеска.

Следниот натпревар МЗТ Скопје го игра во Белград вечерва против Партизан, со почеток од 21 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top