| четврток, 6 декември 2018 |

Надал и Ѓоковиќ ги оправдаа фаворитските улоги на почетокот на турнирот во Пекинг

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, и поранешниот најдобар тенисер на светот, Рафаел Надал победнички го започнаа турнирот во Пекинг.
Тие со лесни победи обезбедија пласман во второто коло.
Ѓоковиќ буквално го декласираше својот противник во премиерниот меч. Тој го победи со максимални 2-0 (6-1,6-1) Болели. Србинот го доби првиот сет за половина час, за вториот му беа потребни 42 минути, а со одличното издание само потврди зошто важи за главен фаворит за трофејот во Пекинг. Негов следен ривал ќе биде Жанг, кој во првата рунда го изненади Истомин со победа од 2-1 во сетови.

Надал за противник на почетокот го имаше Ву Ди од Кина и славеше со 6-4, 6-4, па сега во втората рунда ќе ги одмери силите со Васек Поспишил од Канада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top