| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел забрадена, минариња во заднина – монтажа на германска телевизија (ФОТО)

Во емисијата „Берихт ин Берлин“ на германската телевизија „АРД“ беше прикажана фотомонтажа на која канцеларката Ангела Меркел е забрадена, а во заднина се гледаат минариња.

merkel

Ова на социјалните мрежи предизвика бура од најразлични коментари и критики дека телевизијата отишла предалеку и дури негативно ја искористила слободата на медиумите, пренесуваат германските медиуми.

merkel1

„АРД“ одлучно ги отфрлила сите критики дека таквата форма на изразување може да придонесе пораст на непријателската пропаганда против исламот.

– Се радуваме на критиките и искрено жалиме што нашата претстава за германската канцеларка не ја разбраа сите… Тоа беше во врска со темата на емисијата за вредностите на нашето друштво – слобода на мислење, слобода на медиуми и рамноправност. Секако, со таа слика сакавме да пробудиме внимание и поларизација… – соопштил јавниот сервис „АРД“, нагласувајќи дека тие таквата форма на изразување ја сметаат за легитимна.

merk

Меркел изминатиов период се најде на удар од политичарите дури и од сопствените редови и јавноста во врска со справувањето на проблемот со бегалците.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top