| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатни фотографии: Вака Ал Капоне изгледал во костим за капење

Неки слики во времето, овековечени со фотографии, се толку единствени и невообичаени, што и децении подоцна предизвикуваат чудење. Еве неколку такви.

naslovna-kapone

Членовите на Хитлеровите елитни СС одреди, со муслиманска вероисповед, на колективна молитва во Германија, 1943 година.

molitva

Фидел Кастро и Малком Икс, 1960 година, состанок на поранешниот лидер на Куба и еден од највлијателните Афроамериканци, борец за човекови права и критичарот на „белата Америка“.

istorija8

Винстон Черчил со „томпсонка“

Оваа автоматска пушка  е развиена по Првата светска војна, а замислена е како оружје за борба во ровови. Германија била пионер во развојот на ова автоматско оружје.

istorija1

Осумгодишниот Семјуел Решевски ги победи светските шахисти

Решевски бил шаховски велемајстор, по националност бил полски Евреин. Го сметаа за шаховско чудо од дете кои го воодушеви светот со својот подвиг, кога како момче доминирал со американскиот шах, продолжувајќи да доминира следните четириесет години.

istorija

Ал Капоне во костим за бањање, 1929 година, американскиот криминалец е една од најпознати икони на поп-културата на дваесеттиот  век.

istorija7

Кинески осудени за вештерство, 1922 година.

istorija10

Жени вработени во фабрика за автомобили „Ситроен“, за време на синдикален протест, триесеттите години на минатиот век.

istorija9

Германски пес фотографиран во 1943 година, облечен да изгледа како воздушен посматрач.

istorija3

Првиот амбасадор на Јапонија што ја посетил Европа, 1862 година.

istorija6

Егзекуција со топ во Иран, шеесеттите години на 19 век.

istorija4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top