| четврток, 6 декември 2018 |

Икарди има најубав менаџер (фото)

vanda

Контроверзниот фудбалер на Интер, Мауро Икарди направи нов неочекуван потег и го избрка досегашниот менаџер што го застапуваше на фудбалската берза и си ја постави сопругата за главен агент при понатамошните трансфери и договори во кариерата.

Атрактивната Ванда Нара остега ќе ги застапува интересите на својот сопруг, а нивната приказна е една од најконтроверзните во светот на фудбалот. Ванда беше сопруга на Макси Лопез, поранешен соиграч и близок пријател на Икарди, но го напушти и се омажи за Мауро. Оттогаш двајцата пријатели не зборуваат меѓусебе, а сега Икарди направи нов чуден чекор и го избрка досегашниот агент Абијан Морено и си ја назначи сопругата за свој фудбалски менаџер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top