Скопјани полека му се враќаат на парното. Дневно се поднесуваат до 50 барања за приклучок. Од БЕГ очекуваат до почетокот на грејната сезона околу 1. 000 домаќинства, кои го имаа откажано греењето, повторно да се вклучат на мрежата.
„Цената е главната причина поради што дел од граѓаните се премислија да му се вратат на градското парно“, велат од БЕГ.
– На крајот на јули, Регулаторната комисија пресмета нови цени на парното, со минимално поевтинување во августовските сметки и одлучи од оваа сезона домаќинствата да се греат еден час плус и за тоа да не им биде наплатено. Топланите наместо во 21, ќе се гасат во 22 часот.
Домаќинствата приклучени на БЕГ добија поевтинување за 0,19 отсто, за приклучените на „Елем Енергетика“ со калориметар, намалувањето е за 4 проценти, поскапување добија оние без мерачи и тоа за 1 отсто. Значително поевтинување добија индустриските корисници, училиштата и градинките.
Само за прикчучените на топланата „Скопје-Север“ остана да важи ланската цена.
И покрај поплаките, останува исклучените домаќинства да плаќаат 26 отсто од цената што би ја плаќање ако би биле вклучени на мрежата.
Грејната сеозна почнува на 15 октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.