| четврток, 6 декември 2018 |

Поевтинува парното греење

Парното греење од август ќе поевтини, објави Регулаторната комисија за енергетика. Од таму соопштија дека за корисниците на БЕГ, кој има над 47.000 потрошувачи во Скопје, цената ќе поевтини за 3,88 проценти. Ќе се намали и тарифата за ангажирана моќност за 0,18 проценти. Незначително поевтино загревање на домовите ќе добијат корисниците на ЕЛЕМ-Енергетика, каде цената на парното ќе се намали за 0,11 проценти. Ќе поевтинат и услугите за потрошувачите приклучени на системот на Скопје Север за 1,69 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top