| четврток, 6 декември 2018 |

Голем дефект остави без парно пола Скопје

???

„Балкан енерџи груп“ денеска извести дека голем дел од централното градско подрачје, од Топланата Исток  па сѐ до Порта Влае нема парно греење. Причината за дефектот е голем губиток на вода во мрежата. Од компанијата известија дека интензивно се бара локацијата за да се острани дефектот.

Не се знае колку време ќе биде потребно за да се најде и отстрани дефектот.

Известувањето од „Балкан енерџи груп“ вели дека во 13:20 часот поради голем губиток на вода на мрежата, без топлинска енергија останаа корисниците на потегот од Топланата Исток до Порта Влае.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top