| четврток, 6 декември 2018 |

Центарот на Скопје без парно греење

Поради дефект на топловодната мрежа кај трговскиот центар „Палома Бјанка“ прекината е испораката на топлинска енергија во објекти во строгиот центар на Скопје, соопшти Дистрибуција со топлина „Балкан Енерџи“.

Без греење од утринава се корисниците на објектите: Македонија 11, Македонија 11а, Македонија 15, Македонија 17, Македонија 17а, Македонија 21, Даме Груев 14 , Даме Груев 14а , Димитрие Чуповски 7
Димитрие Чуповски 11 о Ѓуро Стругар 11а.

Од „Балкан Енерџи“ информираат дека нивни екипи се на терен и забрзано работат на санација на проблемот. Според проценката, соопштуваат, се очекува во најбрз рок да се нормализира испораката на топлинска енергија.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top