| четврток, 6 декември 2018 |

Повредите на Карачиќ и Дибиров не се сериозни, тие ќе бидат во составот против Рајн-Некар

Повредите на двајцата вардарци Тимур Дибиров и Игор Карачиќ не сериозни и тие ќе бидат во комбинација за дерби-дуелот од четвртото коло во Лигата на шампионите против Рајн-Накар Левен во СЦ „Јане Сандански“.
Двајцата клучни ракометари во составот на „црвено-црните“ се повредија во последниот натпревар за Вардар во Лигата на шампионите против Кристијанштад во кој македонскиот шампион победи со 30-25.

Руското крило има само дисторзија на скочниот зглоб, откако ја превитка ногата при доскокот во една акција. Многу посериозно изгледаше Карачиќ, кого мораа да го изнесат на раце од теренот, со болка која се читаше од неговото лице. Сепак прегледите покажале дека и тој немал ништо посериозно освен хематомот на десното колено.

Потребен ќе им биде одмор од неколку дена и посебен третман на повредите, по што ќе се вратат на редовната работа, а тоа значи дека би можеле да играат и на саботниот меч против Рајн-Некар, кој ќе има огромна важност. Со победа од таа средба Вардар би се зацврстил на првото место во групата Б.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top