| четврток, 6 декември 2018 |

Божовиќ и повреден не се дава и бие битка за епитетот „крал на стрелците“ во ЛШ

bozovic 3 (Custom)

Јанко Божовиќ ја обнови повредата на раката, што го мачеше и пред мечот со Елверум, но сепак постигна 6 погодоци и не се предава во битката за епитетот „крал на стрелците“ во Лигата на шампионите. Бекот на Металург остана на второто место, сега заедно со Кристијан Бјорнсен, кој падна за една позиција. Двајцата имаат по 24 погодоци, а на врвот се проби Микел Хансен со 25 гола.

Божовиќ во интервју за „Република“ го посочи Хансен како еден од главните кандидати за прв стрелец во новата сезона во ЛШ, заедно со нашиот Кирил Лазаров. Очигледно е дека бекот на Металург одлично погодува и на терено и надвор од него во прогнозата за топ-кандидатите за насловот најдобар стрелец во ЛШ. Нашиот Лазаров има 16 погодоци, а пред него со гол повеќе е Тимур Дибиров од Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top