| четврток, 6 декември 2018 |

Toлпа луѓе се нафрлиле на тројца полицајци во Прилеп

Вчера околу 18:00 часот, Р.М., М.К. и Г.С. вработени во шумска полиција при извршување работни задачи со возило „лада нива“, свртуваќи од ул.„Тризла“ по ул.„Гостиварска“, биле пресретнати од поголема група граѓани.

Едно од лицата со метална шипка ја оштетило хаубата и го скршило предното ветробранско стакло. Друго лице со тврд предмет го искршило задното лево стакло од возилото, по што шумските полицајци излегле од возилото.

Во нападот, двајца шумски полицајци биле турнати од толпата и биле погодени со шишиња во пределот на главата, а третиот бил нападнат од толпата, по што останал да лежи на тротоарот.

Откако се разбегала толпата, тој бил префрлен во Градската болница Прилеп, каде му е констатирана повреда нагмечување на носот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top