Швајцарскиот репрезентативец во редовите на Јувентус имал мала хируршка интервецнија на срцето, стои во официјалната информација од клубот од Торино.
Штефан Лихтштајнер се пожали на проблеми со дишењето на натпреварот од 5. коло во Серија А против Фросиноне, а по извршените детални лекарски прегледи е констатирано дека се работи за бенигна срцева аритмија, која после едноставна операција е отстранета.
Враќањето на тренинзите на клубот за 31-годишниот Лихтштајнер се очекува за околу еден месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.