Синоќа со натпреварите Тајфун – Сутјеска, Цедевита – Игокеа и Металац – Партизан беше комплетирано првото коло во новата сезона во регионалната АБА лига.
Покрај поразот на МЗТ Скопје од Унион Олимпија на гостински терен, и македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски кој ова лето се пресели во редовите на Партизан, загуби во деби настапот во црно-белиот дрес. На гостувањето во Ваљево против Металац во неизвесна завршница Партизан загуби во последната секунда со кош зад линијата за три поени (67-64) иако поранешниот шампион во ова натпреварување водеше во текот на целиот натпревар.
Магдевски имаше солиден настап со шест постигнати поени.
Во второто коло МЗТ Скопје в недела во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува тимот на Металац, додека Партизан повторно има тежок натпревар против Мега Лекс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



