| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ и Надал во традиционални свилени кошули во Тајланд

svileni kosuli

Најдобриот светски рекет на денешницата Новак Ѓоковиќ и неговиот голем противник Рафаел Надал денеска во Банкок ќе одиграат ревијален натпревар со цел да се врати довербата кај граѓаните во безбедноста по терорстичките напади во кои загинаа 20 луѓе. Српскиот и шпанскиот тенисер облечени во традиционални тајландски свилени кошули, пред мечот го посетија местото каде што се случи бомбашкиот напад и му подарија тениски рекети на премиерот на Тајланд, Прајут Чан Оча.

– Среќни сме што сме домаќини на двајца врвни светски тенисери. Се надеваме дека тие ќе ни помогнат да ја засилиме довербата кај луѓето – рече Прајут.

Новак Ѓоковиќ последен пат беше во Тајланд во 2008 година кога загуби во финалето од Французинот Жо Вилфред Цонга, а Надал во 2010 беше поразен во полуфиналето во Бангкок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top