| четврток, 6 декември 2018 |

Евтин лек за широк спектар проблеми

Алое вера е растение кое има голем број лековити својства што помагаат во подобрување на имунолошкиот систем. Растението потекнува од Јужна Африка, а поради своите лековити својства е познато меѓу народот како „Добра надеж“. Родот алое опфаќа повеќе од 300 видови, а еден од најраспространетите е „алое арборесценс мил“. Има дрвовидна форма, со висина до три метри. Лисјата се приседнати, дебели и сочни, со сивосина боја. По рабовите имаат боцки и при собни услови ретко цветаат

Цветовите се црвенкасти, собрани во соцветија на долги цветни дршки. Поголемиот број видови алое потекнуваат од Африка и од Мадагаскар. Тоа се украсни растенија со многу убави цветови и многу едноставни во нивното одгледување. Неколкуте стотини видови алое меѓусебно значително се разликуваат според обликот и според големината на растот. Некои од нив се високи до десет сантиметри, а други пак и до десет метри. Кај големите растенија листовите можат да бидат големи и до 50-60 см. За алоето е многу важно да има добро исцедување на водата од црепот. Во топлите денови алоето треба обилно да се полева, меѓутоа помеѓу две полевања треба да се дозволи дел од почвата да се засуши. Во текот на зимскиот период наводнувањето треба да биде значително намалено. Преобилното наводнување во кое било годишно време може да предизвика гниење на коренот. Пресадувањето може да се изврши секоја пролет или секоја следна пролет. Алоето, исто така, бара многу светлина и поднесува директна изложеност на сонце.

aloe-vera-2

aloe-vera-3

Во народната медицина се применува за многу цели. Нејзината течност се употребува кај рани што тешко зараснуваат. Голема е примената во фармацевтската и во козметичката индустрија. Алое е растение кое од дамнина е познато како еликсир на долговечноста. Содржи преку 240 хранливи и лековити состојки како: аминокиселини потребни за раст и за развој на ткивото, ензими, минерали (калциум, железо, магнезиум, манган, натриум, бакар, цинк, калиум, алуминиум), витамини (А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, Ц, Е, фолна киселина, холин, инозитол, ниацин). Ги има следниве лековити својства: имуностимулативно – ја јакне отпорноста на организмот, детоксифицирачко – го чисти организмот од токсични материи и разни хемиски супстанции, антиоксидантно, антивирусно, антибактериско, аналгетско, антидијабетско. Го стимулира варењето и го неутрализира вишокот на желудочни киселини, ја нормализира пх вредноста на столицата, ја регулира работата на цревата, го поттикнува метаболизмот и функцијата на сите внатрешни органи. Помага при многу инфективни, ревматски, белодробни, крвни, нервни, бенигни и малигни заболувања. Помага при сите заболувања на гастроинтестиналниот тракт, цревни паразити, улцери, колит, Кронова болест, хемороиди, хепатит, цироза, уринарни инфекции, астма, проблеми со простатата, затвор, општа слабост на организмот и при одвикување од пушење и алкохол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top