Општина Прилеп нуди на продажба пет нови парцели во новата индустриска зона „Прилеп 2“ кај Сточното пазариште, а тоа значи дека ја става во функција новата индустриска зона за капацитети на малото стопанство, беше соопштено на денешната прес- конференција во локалната самоуправа во Прилеп.
Градоначлникот на Прилеп Марјан Ристески, ги повика домашните и странски инвеститори да се пријават и да купат една од парцелите во втората индустриска зона.
– Електронското наддавање за парцелите во индустриската зона „Прилеп 2“ кај сточното пазаариште ќе биде на 6. ноември и може сите заинтересирани да се пријават, да отворат можности за нови капацитети од незагадувачките индустрии со што ќе се овојзможи нов развој наприлепското стопанство- изјави Ристески.
Како што објасни Александар Јованоски, од одделението за Локален економски развој, понудените парцели се со намена за сервиси и за мало стопанство.
– Пријавите за јавното наддавање може да се поднесуваат до 2. ноември. Почетна цена за градежна парцела е 61 денар од метар квадратен. Може да учествуваат сите физички и правни лица, жители на Македонија, но и странски лица, согласно Закон за градежно земјиште кои со комплетна и правилно пополнета електронска пријава со прилози треба да уплатат депозит од 30 отсто од вкупната почетна цена, објасни Јованоски.
На прес – конференцијата беше соопштено дека општината, истовремено, на електронско јавно наддавање огласува и три парцели за домување во новата населба „Градина“.
– Општина Прилеп е обврзана и ќе ја уреди населбата со изградба на патната инфаструктура и асфалтирање на улиците, изградба на водовод, канализаиција, осветлување и изградба на тротоари- рече градоначалникот Ристески.
Тој потсети дека во првата индустриска зона „Прилеп 1“ кај фабриката „Металец“ се продадени сите, 21 парцела и во тек е изградба на капацитети на домашните компании, а зоната инфраструктурно се уредува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.