| четврток, 6 декември 2018 |

„Бакал“ не е само ресторан, туку цела приказна

Ресторанот „Бакал“ е како мало островче во тетовското село Брвеница. Тоа не е само ресторан, туку цела приказна...

Секој што ќе влезе внатре има чувство како да стапнува на друга земја, оти егзотичните растенија и жуборот на водата, кои создаваат рајска градина, навистина даваат посебен амбиент. Фонтаната, во ресторанот само ја надополнува приказната.  И надворешниот дел и внатрешноста се одликуваат со елегантно уреден простор со големо чувство за естетика.

Посетителите имаат чувство дека се наоѓаат во некој екстра-луксузен ресторан во странство. Покрај амбиентот ваквата слика ја надополнува и услугата и храната во ресторанот. Сè е свежо и убаво приготвено. На менито има традиционална храна, интернационална, вегетаријанска, за секого по нешто. Свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба, деликатеси како подгорче, капама, ѓомлек, но и фуа-гра, магре, т-бон стек, татарски бивтек и многу повеќе.

8

Нуди топла, домаќинска атмосфера и извонредна храна што ќе го зачини вашето доживување, без разлика дали се работи за деловен ручек, тренинг и дружење со вработените,  дружење со пријателите или романтична вечера со партнерот. Во преубавата атмосфера секој деловен состанок се претвора во позитивно искуство и конструктивен разговор.

Интересен детаљ се прекрасните растенија и, секако, ентериерот, кој е направен со многу чувство за естетика и, пред сѐ, со многу љубов.

Bakal_-_Tetovo

Доколку сакате да побегнете од градската бучава и да поминете неколку часа во еден уникатен и релаксирачки амбиент,  и да уживате во добрата храна, тогаш ресторанот „Бакал“ е вистинското место за Вас.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top