| четврток, 6 декември 2018 |

Манасков меѓу најдобрите млади таленти на СП

Дејан Манасков го оправда изборот на хрватскиот „Индекс“, пред почетокот на првенството, на седум млади ракометари што треба да остават печат на СП 2013.  Тој се најде на листата заедно со Филип Ивиќ (Хрват, голман – Загреб), Павел Пачковски (Полјак, десно крило – Висла Плоцк), Михајло Марсениќ (Србин, пикер – Партизан), Арон Палмарсон (Исланѓанец, лев бек – Кил), Хавиер Бараше (Француз, десен бек – Атлетико Мадрид) и Пабло Симонет (Аргентинец, среден бек – Енкантада). Ракометарот на македонски„Металург“ е втор по учинок во досегашниот дел од првенството. Пред него е Арон Палмарсон:

1. Арон Палмарсон: 15 гола од 41 обид (36 %), 24 асистенции, 4 украдени топки, 1 блок, на терен помина 3 ч. 03 м. и 35 с.

2. Дејан Манасков: 21 гол од 26 обиди (80 %), 3 украдени топки, 14-ти стрелец на СП, на терен помина 3 ч. 45 м. и 40 с.

3. Филип Ивиќ: 12 одбрани од 28 упатени удари (43 %), 8 место меѓу сите голмани на СП. На терен помина 42 м. и 18 с.

4. Хавиер Бареше: 8 гола од 15 удари (53 %), 1 асистенција, на терен помина 2 ч. 07 м. и 39 с.

5. Михајло Марсениќ: 2 гола од 3 удари (67 %), 2 асистенции и 4 блока. На терен помина 1 ч. 02 м. и 03 с.

6. Пабло Симонет: Нема гол, има една асистенција, на терен помина 1 ч. 24 м. и 09 с.

7. Павел Пачковски: не настапи на СП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top