| четврток, 6 декември 2018 |

Малечка модна икона: Запознајте го најстилизираното бебе на социјалните мрежи (фото)

Иако има само осум месеци, малечката Фреја Фосаќеко на социјалната мрежа Инстаграм ја следат повеќе од 15 илјади луѓе, а причината за тоа ќе ве воодушеви.

mala_modna_

Насмевнувајќи и се на камерата додека носи некои од најмодерните креации со весели бои и дезени, Фреја може со право да се нарече кралица на стил на социјалната мрежа Инстаграм.

Меѓутоа, постои само еден “проблем“ – Фреја има само осум месеци.

Screenshot_18

Благодарение на нејзината мајка Кирсти Велан која своето девојче го облекува во неверојатни парчиња облека, Фреја е прогласена за најстилизирано бебе во Велика Британија, а се уште не проодела.

Мама Кирсти е инаку дизајнерка и сама ја креира облеката за Фреја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top