| четврток, 6 декември 2018 |

Вугринец го нема на поширокиот список на репрезентацијата за ЕП!?

Qatar 2015 Macedonia training session

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван го објави прелиминарниот список од 28 ракометари на кои ќе смета за подготовките за Европското првенство во Полска 2016 година. Ако се суди по одлуката на Обрван да не го вметне Ренато Вугринец меѓу ракометарите на кои ќе смета за ЕП, тоа значи дека Словенецот со македонски пасош ја заврши одисејата со нашата репрезентација.
Вугринец доби пасош во декември 2013 година и беше дел од составот на ЕП во Данска, но во последниот период не доаѓаше на повикот во националниот тим со оправдување – семејни причини.

На сегашниот список на Иица Обрван, има 28 пријавени ракометари, а дури 13 се интернационалци, се разбира, предводени од капитенот Кире Лазаров. На него се и неколку помлади ракометари како Бојан Маџовски, Мартин Манасков, Горан Крстевски, Мартин Велковски, што значи дека полека понуваме да се насочуваме кон младите, наместо да веруваме во ветераните. Според правилата и регулативите на ЕХФ и натаму подлежи на промени, заклучно со 12 декември, кога треба да се пријави конечниот список.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top