| четврток, 6 декември 2018 |

Диета со кисело млеко, резултати видливи за 7 дена

kiselo mleko

Ако сакате за кратко време да влезете во форма ви нудиме една фантастична диета. Диетата трае 7 дена и се намалуваат од 4-6 килограми.

Принципот е следниот:  Јадете кисело млеко кога ќе сакате и колку ќе сакате. Притоа можете да додадете и други видови храна според правилата:

1, 2, 3 ден

Може да додадете варен ориз или компири во менито. Без газирани пијалоци! Од алкохол дозволено е само бело вино и тоа не повеќе од 1 чаша.

4, 5, 6 ден

Освен кисело млеко можете да јадете и пилешко филе варено или печено. Може да додадете и свежа салата. Без алкохол и газирани пијалоци.

7 ден

Кисело млеко и овошје. Само без банани и грозје. Може да си дозволите чаша вино. Важно е откако ќе завршите со 7-от ден да не почнете да се прејадувате. Постепено зголемувајте ја количината и додавајте ги другите видови храна.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top