| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје со натпреварот против Олимпија ја започнува четвратата одисеја во АБА-лигата

ales pipan

Денеска со почеток од 17 часот во Љубљана, македонскиот шампион МЗТ Скопје ја започнува четврата сезона во регионалната АБА лига.
„Маталците“ се повторно единствениот тим од нашата држава и ќе се обидат во новата сезона да се покажат во што подобро светло иако играчкиот ростер од минатата сезона е видно изменет.
ОД лани ги нема носителите на играта, или поточно кажано комплетната прва петорка, Чапин, Шеховиќ, Синовец, Лучиќ и Самарџиски, па се очекува оваа сезона да падне на репрезентативното дуо Дамјан Стојановски и Марко Симоновски.
Оваа година Младеновски треба да добие поголема минутажа, а во тимот е и повратникот Горјан Марковски.
Тренерот Алеш Пипан има проблеми во состастувањето на екипата бидејќи новите играчи на плејмејкерската позиција Протиќ и Љубичиќ се повредени.

– Патуваме за Љубљана со надеж дека ќе се прикажеме во едно добро издание. Во тимот владее добра атмосфера, момците тренираат напорно и сите со нетрпение го очекуваат првиот натпревар. Свесни сме дека Олимпија на домашен терен ќе даде се од себе за да ги освои двата бода, па затоа очекувам да имаме тежок натпревар. За нас голем проблем ќе биде неиграњето на Љубичиќ и Протиќ, како и кусиот период за адаптација на Синадиновиќ кој се приклучи на тимот пред два дена. Во секој случај треба да дадеме максимален напор да одиграме добро во одбраната, затоа што само така може да се надеваме на позитивен резултат- истакна Словенецот на клупата на МЗТ.

Воедно, ова е последна сезона во која МЗТ Скопје ќе има загарантирано место во АБА-лигата, во иднина според новите пропозиции на натпреварување Македонија ќе има еден претставник, и тоа шампионот на нашата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top