| четврток, 6 декември 2018 |

Три начини за враќање на самодовербата

Самодовербата многу влијае на нашето здравје, како психичкото, така и физичкото. Докажано е дека луѓето со поголема самодоверба се поуспешни во работата и љубовта.

Но понекогаш едноставно не се чувствуваме доволно сигурни во себе, а еве како на брз и едноставен начин да си ја кренете самодовербата на повисоко ниво.

1. Прочитајте го своето резиме

Така ќе се потсетите на своите таленти и на фактот дека не ве дефинира само една работа во животот. Со читање на своето резиме ќе видите дека имате доволно предности, а никаде нема да ги прочитате своите маани, затоа што во резимето се пишуваат само успесите и достигнувањата. Ова со сигурност ќе ви ја крене самодовербата.

2. Бидете исправени кога стоите и одите

Умот го движи телото, а држењето на телото влијае на мозокот. Војниците со причина стојат исправено, а изгледаат дека се полни со самодоверба. Направете го и вие тоа и со гаранција ќе се почувствувате одлично.

3. Разговарајте сами со себе

Можеби ќе си помислите дека би изгледале откачено, но оваа метода навистина функционира. Тоа го подобрува памтењето и ќе ви помогне да се концентрирате. Одличен начин за враќање на самодовербата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top