| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: Ситуацијата во Сирија би можела да биде полоша отколку во Сребреница

Германскиот канцелар Ангела Меркел не се согласува со предлогот на Турција за формирање безбедносна зона за бегалци на север во Сирија. Таа смета дека постои ризик од масакр кој би бил полош и од оној што се случи во Сребреница.

merkelue_85153-L0x0

Франција соопшти дека со своите партнери во следните денови ќе разговара за предлогот на Турција и членови на сириската опозиција за формирање безбедносна зона во северна Сирија, но Меркел од Берлин изрази загриженост за тој предлог и таквата тампон зона.

– Ако не можеме да гарантираме безбедност тогаш ситуацијата би била полоша отколку во Сребреница, изјави Меркел. Таа додава дека силите на Исламска држава може да ја загрозат безбедносната зона.

Во Турција од Сирија пристигнаа повеќе од 1,8 милиони бегалци и поради тоа турските власти се залагаат за формирање безбедносна зона со забрана за летови во северниот дел од Сирија која би била заштитена од напади на ИД и курдски милитанти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top