| четврток, 6 декември 2018 |

Спасов: Заокружено реновирањето на прилепскиот Центар за социјални работи

Заокружено е реновирањето на Центарот за социјални работи во Прилеп за подобрување на условите за работа на вработените и на граѓаните кои ги остваруваат своите права од социјалната заштита, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој денеска направи увид во работите за реновирање на прилепскиот Центар.

spasov

 

Министерот Спасов информира дека инвестицијата изнесувала околу 8 милиони денари за целосна адаптација и опремување на просторот кој по завршувањето на работите, рече, ќе биде значително енергетски ефикасен и ќе ги намали трошоците за одржување, ­ Објектот е стар повеќе од 30 години.

– Пред неколку месеци почнавме реконструкција на објектот за подобрување на условите за работа на вработените во Центарот за социјални работи во Прилеп, но и за граѓаните кои имаат потреба за остварување на правата од социјалната заштита, изјави Спасов.

Ова е дел од проектот за реконструкција на Центрите за социјална работа во земјава, во чии рамки досега со целосно реновирање е завршено во седум Центри за социјална работа, а во постапка се уште четири центри.

Набрзо, подвлече Спасов, очекуваме да започне третата фаза од реновирањето на 18 Центри за социјална работа преку ИПА програмата. ­

– Во првата и втората фаза обезбедивме средства од Светската банка во износ од 50 милиони денари, а за третата, последна, фаза се обезбедени 72 милиона денари од Европската унија. Со овој проект значително го подобруваме системот за социјална заштита во нашата држава и објелтите се ставаат во полна функција, објасни Спасов.

Во прилепско Беровски денеска министерот Спасов го посети објектот кој со реновирање и адаптирање треба да прерасне во детска градинка. ­

– Министерството за труд и социјална политика в година ќе инвестира во опремувањето на просторот. Исто така, државата во Прилеп ќе инвестира за нова детска градинка в година со капацитет за 250 деца, рече министерот Спасов при обиколката на Центарот за социјални работи во Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top