1. Кога се чувствувате најдобро?
а. наутро
б. попладне или приквечер
в. доцна навечер
2. Обично пешачите:
а. доста брзо, со големи чекори
б. доста брзо, со кратки чекори
в. побавно, со дигната глава
г. побавно, со главата надолу
д. прилично бавно
3. Кога разговарате со луѓе:
а. стоите со раце скрстени на градите
б. дланките ви се склопени
в. едната или двете раце ви се на колковите
г. го допирате или подбуцнувате човекот со кого зборувате
д. Си играте со увото, ја допирате брадата или ја мазните косата
4. Кога се одморате, седитe …
а. со колената едно до друго
б. со скрстени нозе
в. со испружени нозе
г. со едната нога, свиткана под другата
5. Кога нешто навистина ве забавува, вие реагирате со:
а. со гласно смеење
б. се смеете , но не гласно
в. тивко се кикотите
г. со кисела насмевка
6. Кога одите на забава или некакво собирање, вие:
а. влегувате со страшен тресок, сите да ве забележат
б. влегувате тивко и гледате за познати
в. влегувате безшумно и се обидувате да останете незабележани
7. Работите напорно и тешко ви е да се сконцентрирате. Кога ќе ве прекинат, вие …
а. правите пауза
б. се чувствувате многу изиритирани
в. некаде помеѓу двете крајности
8. Која од следниве бои ви се допаѓа најмногу:
а. црвена или портокалова
б. црна
в. жолта или светло сина
г. зелено
д. темно сина или виолетова
е. бела
ж. кафеава или сива
9. Кога сте во кревет, во последните моменти пред да заспиете, лежите:
а. испружени на грб
б. испружени на стомак
в. на една страна, благо свиткани со едната рака под главата
д. со главата под покривката
10. Често сонувате дека …
а. паѓате
б. се тепате или борите
в. барате нешто или некого
г. летате или пловите
д. не паметите соништа
е. соништата ви се секогаш пријатни
Поени
1. (a) 2 (б) 4 (в) 6
2. (a) 6 ( б) 4 (в) 7 (г) 2 (д) 1
3. (a) 4 (б) 2 (в) 5 (г) 7 (д) 6
4. (a) 4 (б) 6 (в) 2 (г) 1
5. (a) 6 (б) 4 (в) 3 (г) 2
6. (a) 6 (б) 4 (в) 2
7. (a) 6 (б) 2 (в) 4
8. (a) 6 (б) 7 (в) 5 (г) 4 (д) 3 (е) 2 (г) 1
9. (a) 7 (б) 6 (в) 4 (г) 2 ( д) 1
10. (a) 4 (б) 2 (в) 3 (г) 5 (д) 6 (е) 1
Резултати
Над 60 поени: Другите ве гледаат како човек со кого треба да се внимава. Изгледате суетна и егоцентричен личност, која секогаш се наметнува. Ви се восхитуваат и сакаат да се како вас, но не ви веруваат лесно и се чуваат од по сериозно поврзување.
51 – 60 поени: За другите сте инспиративна, енергична и доста импулсивна личност. Роден лидер, кој брзо донесува одлуки, иако не секогаш правилни. Изгледате како храбар и авантуристички тип кој сака да проба од сè. Сакаат да бидат во ваше друштво, заради харизмата со која зрачите.
41 – 50 поени: Другите ве гледаат како витални, забавни, практични и интересни. Човек кој секогаш е во центарот на вниманието, но е доволно избалансиран, за да не се вообразува. Изгледате внимателни и полни со разбирање, секогаш подготвени да помогнете и да расположите некого.
31 – 40 поени: За другите изгледате разумни, внимателни, претпазливи и практични. Паметни и талентирани, но скромни. Човек кој не создава пријатели лесно и брзо, но крајно лојални на оние со кои се блиски и го очекува истото. На оние кои ве запознаваат, јасно им е дека е тешко да се разниша вашата довербата во пријателите, но треба долго време да се обнови, ако еднаш е уништено.
21 – 30 поени: Ве гледаат како пребирлива личност, исклучително внимателни, крајно претпазливи, тврдоглави и совесни. Ќе се изненадат ако направите нешто импулсивно и спонтано, повеќе очекуваат се да истражите внимателно од секој агол, а потоа да се откажете.
Под 21 поени: Луѓето мислат дека сте нервозни и нерешителни. Некој кој има потреба да се грижат за него, кој секогаш сака друг да донесува одлуки и не сака да се врзува со ништо и со никого. Ве гледаат како човек кој вечно се грижи за непостоечки проблеми. Некои мислат дека сте здодевни. Само оние кои ви познаваат добро знаат дека не сте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.