Јанко Божовиќ е интересна спортска приказна, ракометар кој доцна почнал да го игра овој спорт на 17 години, откако претходно бил во топ-5 тениски надежи на Австрија. Роден е во Бар, но од дете живее во Австрија и потекнува од спортско семејство. Мајка му Станка Божовиќ е икона на австрискиот женски ракомет и дел од две екипи, Будуќност и Хипо, кои жареа и палеа во Европа. Татко му е поранешен фудбалер, што значи комоплетно спортско семејство Божовиќ. Јанко од сезонава игра за Металург и во првите два меча од Лигата на шампионите покажа дека ќе биде големо засилување за голобрадиот тим од Автокоманда. Со 18 голови на две средби, против Мотор (8) и со Шафхаузен (10) моментно е втор стрелец во ЛШ. Од екстра тениски талент до ракометен ас, кој со успех игра и во елитната Лига на шампиони.
„Среќен сум што брзо се вклопив во новиот концепт на Металург. Имаме супер екипа и се надевам дека ќе продолжиме да играме добро. Ми се допаѓа што има прекрасен тимски дух, и најмладите се борат до последниот атом на силите и таквиот пристап верувам дека ќе носи резултат и во продолжението од сезоната. Металург има талентирани момчиња кои ќе бидат вистински ракометари за две-три години и од кои бенефит ќе има и клубот и македонската репрезентација, вели Божовиќ.
Како се случи, Јанко од голем тениски талент во Австрија да се префрли на ракомет, потоа и да игра во десет земји и 11 различни клубови и уште многу интересни детали за неговата кариера, прочитајте во новиот број на магазинот „Република“ што ќе излезе в петок на 2. октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.