Во издание на „Македоника литера“ излезе од печат романот „Комита“ на македонскиот писател Владимир Плавевски.
Романот е структуиран на пет дела и во него се отсликува амбиентот на македонската мачна реалност во почетокот на 20. век. Главниот лик, комитата Лазар, ја посветува својата животна кауза на татковината, а неговиот лик е граден врз реконструкција на вистински настани.
Плавевски е романсиер, раскажувач, драмски писател, фотограф, сценарист и режисер, минатогодишен добитник на наградата „Роман на годината“. Ги објавил книгите со раскази „Играч на фанта“, „Амкање“, „Ловец на самовили“, „Поплава“ и „Вистински приказни“, романите „Цена од Ново маало“, „Последниот сплавар на Вардар“, „Јадица“, како и книгите „Градител на боговите“, „Папарацо – феномен на денешнината“ и „Фотографија“. Автор е и на драмски дела за тетара, сценарија за телевизиски филмови, играни серии…
Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на ДЛУПУМ, како и на Друштвото на филмските работници на Македонија.
Добитник е на повеќе награди на конкурси за расказ, а учествувал и на голем број групни фотоизложби во Македонија и во странство. Одржал 23 самостојни изложби на уметничка фотографија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски
-
Промоција на книгата „Љубовта на Генерал Ш“ од Лира Бојку во Паркот на книгите
-
Промоција на збирката раскази „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ од Владимир Плавевски