Вчеравечер во 23.40 часот на бензинската пумпа во населбата Ново село во Штип, полицијата интервенирала по пријава за нарушување на јавниот ред и мир. Мајката Л.В.(50) и нејзиниот син Е.В.(28) од с.Лакавица, се карале, викале и непристојно се однесувале.
Л.В. побарала од полициските службеници да го спречат нејзиниот син Е.В. во намерата да управува со автомобилот, бидејќи бил под дејство на алкохол. Од страна на полицискиот службеник на Е.В. му било издадено наредба да не го стартува возилото и да излезе од него, по што истиот излегол и физички го нападнал полицискиот службеник. Истиот полициски службеник бил физички нападнат и од Л.В.
Мајката и синот биле приведени во станицата во Штип каде им било извршено алкотестирање при што кај Е.В. е утврдено присуство на алкохол од 2,00 промили, додека кај Л.В. 0,64 промили и по целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Мајка уапсена откако го истетовира 10-годишниот син (ВИДЕО)
-
Го застрелал својот син стар шест месеци: Мотивот за убиството ќе ве шокира!