Швајцарија на домашен терен одигра нерешено, 26-26, против Португалија, резултат кој ѝ одговара на македонската ракометна репрезентација, во обидот да стигне до завршницата меѓу најдобрите на стариот континент.
Математиката вели дека ние треба да ги добиеме двата меча, против Швајцарија нагости и со Португалија дома, со претпоставка дека Шпанија ќе нѐ победи в недела во Гвадалахара. Во тој случај, Шпанија ќе треба да ја надигра Португалија во последното коло нагости. Првиот меч го доби „фуријата“ со 14 гола разлика и квалитетот е апсолутно на нивна страна. Стравуваме од евентуална соседска распределба на бодовите меѓу Португалија и Шпанија. Македонија најпрво треба сама да си ја заврши работата и да слави против Швајцарија и Португалија. И секако да очекуваме победа на Шпанија над Португалија. Сѐ друго би било сензација и контра нашите шанси за пласман на ЕП 2014 во Данска. Ако Португалија одигра нерешено со соседите, ние ќе треба да бркаме негатива од 8 разлика против нив за да бидеме подобри во меѓусебен скор. Во случај Португалија да направи чудо и да ја победи Шпанија, Македонија сигурно испаѓа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


